СИГУРНА ВО СЕКОЈ ЧЕКОР!
Во месецот фокусиран на жената, ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ прави чекор кон поддршка на секоја одговорна и мудра жена
која се грижи за себе и за своите најблиски, која носи одлуки за својата финансиска стабилност и независност и
никогаш не заборава да ги заштити своите најблиски и најсакани.
ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ, како компанија во која над 60% од вработените се жени,
овој месец одлучи да им помогне на овие жени во остварувањето на нивните планови и замисли со попуст
од -15% на одредени премии.
Бидејќи домот, нејзиното здравје и здравјето на семејството се свети за секоја жена одлучивме да одобриме
-15% попуст на полисите за Осигурување на Домаќинство и Осигурување од Тешки Болести
Осигурување на домаќинство опфаќа разни ризици од кои можат да бидат осигурени,
а ние имаме три пакети кои покриваат различен број на овие ризици.
Осигурувањето од тешки болести е можност за мудра одлука на секоја индивидуа
бидејќи во случај на појава на некоја од тешките болести, финансиската стабилност,
преку исплатата на сумата на осигурување која ние ја исплаќаме, е клучна во тие моменти
кога личноста треба да се посвети кон закрепнување и подобрување на здравствената состојба наместо да се
грижи дополнително и за финансискиот товар кој болестите од ваков вид го носат со себе.
Период на траење на кампањата:
Почеток на кампањата 1ви Март 2025 - Крај на кампањата 31ви Март 2025
Кој може да учествува? (Услови)
Сите жени - постоечки и нови клиенти на ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ
За Осигурување на Домаќинства – потребно е во полисата ДОГОВОРУВАЧ да е жена
За Осигурувањето од Тешки Болести – ДОГОВОРУВАЧОТ да е жена, но истата може да купи полиси и за членови на потесно семејство (сопруг/деца).
Во кампањата влегуваат и обновувањата на веќе постоечки полиси.
Важни забелешки:
За Осигурувањето на домаќинство важат условите објавени на следниот линк: Осигурувањето на домаќинство
За Осигурувањето од тешки болести важат условите објавени на следниот линк: Осигурувањето од тешки болести
Минималната премија за осигурување на домаќинство е 1500ден. (годишна полиса)
Попустот од -15% важи само во периодот на трање на кампањата